ГОТВАЧ
Активности
Планирање, организирање, подготовка и готвење јадења, според рецепти или под надзор на главниот готвач, во хотели, ресторани и други места каде што се послужува храна, на бродови, патнички возови и во приватни домаќинства.
Готвачите:
- ги планираат оброците;
- подготовуваат и готват храна;
- ја планираат, вршат надзор и ја координираат работата на помошниците во кујната;
- го проверуваат квалитетот на храната;
- ги мерат и мешаат состојките според рецепт и лична процена;
- ја регулираат температурата на шпоретите, скарите, пекачите и другата опрема за готвење;
- ја проверуваат и чистат кујната, кујнската опрема, просторите за послужување, итн. со цел да се осигурат безбедни и санитарни практики за ракување со храната;
- управуваат со опремата за готвење со голем обем, како што се скари, фритези или калапи.
Занимања во оваа група се:
5120.01 – Готвач
5120.01 – Помошник готвач
5120.03 – Скара-мајстор
5120.04 – Пица-мајстор
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)