ПОМОШНИЦИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА

ПОМОШНИЦИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА

Како да станете помошник/чка за здравствена грижа

Образование

Генерално, помошниците за здравствена грижа треба да имаат завршено средно образование, со основни медицински познавања или да имаат завршено обука. Неколку медицински училишта во Македонија нудат програми за средно образование со кои се стекнува диплома за помошници за здравствена грижа. Овие програми, во просек, се со времетраење од 3 години.

Училишта за стручно образование и обука кои нудат тригодишни програми за помош во здравствена грижа:

  1. Средно стручно училиште „Димитрија Чуповски“ – Велес
  2. Средно медицинско училиште на Град Скопје „Др. Панче Караѓозов“ – Скопје (1 паралелка на македонски јазик и 1 паралелка на албански јазик)
  3. Средно училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“ – Скопје (1 паралелка на македонски јазик и 1 паралелка на албански јазик)
  4. Средно стручно училиште „Никола Штејн“ – Тетово (1 паралелка на македонски јазик и 1 паралелка на албански јазик)

Обука и сертификати

Помошниците за здравствена грижа може да ги стекнат вештините преку обука на работното место или практиканство.

Од 2015 г., Министерството за труд и социјална политика го стандардираше занимањето помошник за здравствена грижа, и потребните вештини и знаења може да се најдат тука :

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/zdravstvena_negstarilica.pdf

Агенцијата за вработување често субвенционира програма за обука за ова занимање. Курсевите за обука се со времетраење од 4 месеци (3 месеци теоретско и практично претклиничко образование и 1 месец работно искуство кај давател на здравствени услуги).

Центарот за образование на возрасни во моментов нема верификувани програми за помошници за здравствена грижа. Во рамки на здравствената струка, во моментов единствено се  верификуваат програми за негуватели на стари и немоќни лица.

За повеќе информации за програмите и давателите на обуки за помошници за здравствена грижа посетете ја следната страница:

www.cov.gov.mk

Напредување

Помошниците за здравствена грижа може да станат професионални медицински сестри со посетување дополнително образование.

Потребни вештини

Комуникациски вештини. Помошниците за здравствена грижа мора да комуницираат ефективно за да одговорат на проблемите на пациентите и згрижените лица. Исто така, треба да ги пренесат важните информации на другите здравствени работници.

Сочувствителност. Помошниците за здравствена грижа им помагаат и се грижат за болни, повредени и постари лица. Затоа работата бара сочувствителност и емпатија.

Трпение. Рутинските задачи, како што се чистење, хранење и бањање на пациентите или згрижените лица, може да бидат стресни. Помошниците за здравствена грижа мора да се трпеливи за да може да ги завршуваат овие задачи.

Физичка кондиција. Помошниците за здравствена грижа поголемиот дел од работното време го минуваат на нозе. Тие треба да се во можност да ги извршуваат физичките задачи, како што е подигнување или движење на пациентите.

 

Задолженија на работното место

Помошниците за здравствена грижа пружаат лична нега и помош при извршувањето на секојдневните животни активности директно на пациентите и лицата сместени во различни здравствени институции, како што се болници, клиники или центри за нега со сместување.

Потребно образование при вработување

  • Средно образование
  • Основно образование и сертифицирана програма

Просечна месечна нето заработувачка

15.914 МКД

Слободни работни местa

  • 0 АВРМ