ТЕХНИЧАРИ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

ТЕХНИЧАРИ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

Распоред на работата

Техничарите за електротехника најчесто работат за големи производствени или инженерски компании, оттука вообичаено е да работат во смени како и останатите вработени. Понекогаш, техничарите за електротехника работат прекувремено со цел да отстранат дефект или да извршат поправка на некоја машина.

Задолженија на работното место

Техничарите за електротехника вршат технички задачи поврзани со истражување во електротехниката, за проектирање, конструирање, производство, составување, функционирање, одржување и поправки на електрични уреди, апарати и други производи како и дистрибутивни системи.

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

21.017 МКД

Слободни работни местa

67 АВРМ