ТЕХНИЧАРИ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

ТЕХНИЧАРИ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

Работна средина

Според проценките од Анкетите на работна сила од 2016, бројот на Техничари за електротехника се движи околу 3,000 вработени.

Техничарите за електротехника најчесто работат со електроинженери и/или машински инженери. Нивна работна средина можат да бидат производствените капацитети во разни индустриски гранки како на пример: енергетика, рударство, хемиска индустрија, прехранбена индустрија, текстилна итн..

Еден дел од техничарите за електротехника можат да бидат вклучени во самиот производствен процес, додека други може да работат од канцеларија во делот на изработка на проектна и конструкциска документација.

Задолженија на работното место

Техничарите за електротехника вршат технички задачи поврзани со истражување во електротехниката, за проектирање, конструирање, производство, составување, функционирање, одржување и поправки на електрични уреди, апарати и други производи како и дистрибутивни системи.

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

21.017 МКД

Слободни работни местa

67 АВРМ