ТЕХНИЧАРИ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

ТЕХНИЧАРИ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

Како да станете техничар за електротехника

Образование

Потребно е завршено средно образование со времетраење од четири години. Техничките училишта во Македонија нудат курсеви за техничар за електротехника, преку четиригодишната програма „електротехничка струка“.

Од 2017 година, Министерството за труд и социјална политика стандардизираше повеќе занимања од областа на електротехничката струка, кои можат подетално да се видат на следниве линкови:

  • Електротехничар за автоматски и контролни системи

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/ElTe/eaks.pdf

  • Електротехничар за електрични инсталации и осветлување

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/ElTe/eteio.pdf

  • Електротехничар за комуникации, мерења и управување во електроенергетиката

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/ElTe/etkmuee.pdf

  • Електротехничар за мобилна телефонија

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/ElTe/etmt.pdf

  • Електротехничар за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/ElTe/etppdee.pdf

  • Електротехничар за радио и телевизиски уреди

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/ElTe/etrtvu.pdf

  • Електротехничар за телекомуникациска опрема и мрежи

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/ElTe/ettkom.pdf

 

 Јавни средни училишта кои нудат 4-годишни програми за техничар за електротехника (електротехничар за компјутерска техника и автоматика, електротехничар за електроника и телекомуникации, електротехничар – енергетичар):

  1. Средно општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  2. Средно стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ – Велес
  3. Средно општинско техничко училиште „Гостивар“ – Гостивар
  4. Средно општинско стручно училиште „Илинден“ – Илинден
  5. Средно општинско училиште „Киро Спанџов- Брко“ – Кавадарци
  6. Средно општинско училиште „Мирко Милески“ – Кичево
  7. Општинско средно училиште „Дрита“ – Кичево
  8. Средно општинско училиште „Гошо Викентиев“ – Кочани
  9. Средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  10. Средно општинско техничко училиште „Наце Буѓони“ – Куманово
  11. Средно општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино
  12. Општински електро-машински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  13. Средно општинско училиште „Ристе Ристеки – Ричко“ – Прилеп
  14. Средно општинско училиште „Коста Сусинов“ – Радовиш
  15. Средно училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје
  16. Средно електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ – Скопје
  17. Средно општинско училиште „Нико Нестор“ – Струга
  18. Средно општинско училиште „Никола Карев“ – Струмица
  19. Средно општинско стручно училиште „Моша Пијаде“ – Тетово
  20. Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ – Штип

Обука

Во моментов не постојат верифицирани програми за техничарите за електротехника.

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за техничарите за електротехника кои може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Важни квалитети

Забележување на детали. Техничарите за електротехника мора да прават прецизни и точни мерења кои се потребни во пресметките на машинските инженери и инженерите по електротехника.

Спретност. Техничарите за електротехника мора да користат рачен алат и опрема за да изработат електронски делови.

 Вештини за меѓучовечки односи. Техничарите за електротехника добиваат инструкции за работа и нудат совет кога е потребно. Исто така, вештините за меѓучовечки односи се корисни при координацијата со останатите членови од тимот.

Вештини за логичко размислување. Разбирање на инженерските цртежи и дијаграми, го контролираат квалитетот на цртежите и дијаграмите, изработуваат  прототипи, ги разбираат инструкциите и го следат распоредот и специфичниот сет на правила.

Математички вештини. Техничарите за електротехника користат математички вештини за анализа и изработка на цртежи.

Машински вештини. Техничарите за електротехника ги применуваат знаењата и насоките добиени од инженерите за да изработат нови делови за индустриски машини или опррема. Тие мора да поседуваат вештини за работење со дупчалки, брусалици и метален струг.

Вештини на пишување. Техничарите за електротехника мора да пишуваат извештаи, резулати од тестирање или пак да ги опишат проблемите на кои наидуваат во текот на работењето. Нивните извештаи мора да бидат јасни и добро претставени така што инженерите со кои работат се во можност да ги разберат пишаните извештаи.

 

 

Задолженија на работното место

Техничарите за електротехника вршат технички задачи поврзани со истражување во електротехниката, за проектирање, конструирање, производство, составување, функционирање, одржување и поправки на електрични уреди, апарати и други производи како и дистрибутивни системи.

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

21.017 МКД

Слободни работни местa

67 АВРМ