ТЕХНИЧАРИ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

ТЕХНИЧАРИ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

Активности

Активности

Техничарите за електротехника вршат технички задачи поврзани со истражување во електротехниката, за проектирање, конструирање, производство, составување, функционирање, одржување и поправки на електрични уреди, апарати и други производи како и дистрибутивни системи.

Задачите вклучуваат:

  • давање техничка помош при истражување и развој на електрични уреди, апарати и други производи, како и испитување на прототипови;
  • изработка на проектна и конструкциска документација на електротехнички производи, склопови и постројки според добиените технички податоци;
  • подготвување на детални процени на материјалите и работната сила потребни за производство и инсталација според дадените спецификации;
  • инсталирање, одржување и сервисирање на различни видови електрична опрема;
  • програмирање компјутерски системи и автоматизирани процеси;
  • обезбедување технички надзор на производството, инсталацијата, користењето, одржувањето и поправката на електричната опрема и системи за да се обезбеди задоволувачко функционирање и усогласенот со дадените спецификации и регулативи;
  • примена на техничкото знаење за електротехничките начела за да се откријат и спречат проблемите кои произлегуваат во текот на нивната работа;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

3113.01 Електротехничар

3113.02 Електротехничар за производство на електрична енергија

3113.03 Електротехничар за пренос на електрична енергија

3113.04 Електротехничар за дистрибуција на електрична енергија

3113.05 Електроенергетски техничар

3113.06 Електротехничар за електромотори

3113.07 Техничар конструктор на електрични производи

3113.08 Електромашински техничар

3113.09 Техничар за производство на електротехнички производи

3113.10 Техничар за одржување на електротехнички производи

3113.11 Електротехничар на производи за домаќинство

3113.12 Електротехничар за мерни инструменти и склопки

3113.13 Електротехничар за опрема на производните машини

3113.14 Електротехничар за електрични машини, апарати и уреди

3113.15 Електротехничар за железница

3113.16 Електротехничар за пловни објекти

3113.17 Електротехничар за дигалки и транспортни средства

3113.18 Електротехничар за инсталација и опрема

3113.19 Технички контролор за патнички возила

3113.20 Раководител на станица за технички преглед на возила

3113.21 Испитувач на квалитетот на услугите

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Техничарите за електротехника вршат технички задачи поврзани со истражување во електротехниката, за проектирање, конструирање, производство, составување, функционирање, одржување и поправки на електрични уреди, апарати и други производи како и дистрибутивни системи.

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

21.017 МКД

Слободни работни местa

67 АВРМ