ТЕХНИЧАРИ И АСИСТЕНТИ ЗА ФИЗИОТЕРАПИЈА

ТЕХНИЧАРИ И АСИСТЕНТИ ЗА ФИЗИОТЕРАПИЈА

Како да станете техничар/ка и асистент/ка за физиотерапија

Како да станете техничар и асистент за физиотерапија

Образование

Генерално, масерите или физиотерпевтските техничари треба да имаат завршено средно образование. Неколку медицински училишта во Македонија нудат програми за средно образование со кои се стекнува диплома за фииотерапевтски техничар. Овие програми, се со времетраење од 4 години.

Училишта за стручно образование и обука кои нудат програми за физиотерпевтски техничар:

  1. Општинско средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи’’ – Битола
  2. Средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Прилеп
  3. Средно медицинско училиште на град Скопје „Д-р Панче Караѓозов’’ – Скопје
  4. Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов’’ – Скопје
  5. Средно општинско училиште „Димитар Влахов’’ – Струмица
  6. Училишен медицински центар „Никола Штејн’’ – Тетово
  7. Средно општинско училиште ‘’Јане Сандански’’ – Штип

 

Обука и сертификати

Техничарите и асистентите за физиотерапија може да ги стекнат вештините преку обука на работното место и/или стажирање.

Од 2017 година, Министерството за труд и социјална политика го стандардираше занимањето физиотерапевтски техничар.  Потребните вештини и знаења за занимањето може да се најдат тука:

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Zdrav/fizteh.pdf

Центарот за образование на возрасни нуди голем број верификувани програми областа на здравството, каде што не е потребно формално образование.  За повеќе информации за програмите и давателите на обуки посетете ја следната страница:

www.cov.gov.mk

Во Македонија е регистрирано Македонско физиотерапевтско здружение каде членовите може да добијат информации околу обуки, методи на работење и други совети во областа.

www.mfz.mk

Занимањата во единичната група техничари и асистенти за физиотерапија, не се регулирани во Македонија.

Задолженија на работното место

Техничарите и асистентите за физиотерапија лекуваат мускулни и коскени заболувања или делови на циркулаторниот или на нервниот систем со рачни методи и со ултразвучни, загреани, ласерски или слични техники, или применуваат физиотерапија и сродни терапии како дел од лекувањето на лицата со ментална или телесна попреченост.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

21.581 МКД

Слободни работни местa

5  АВРМ