КЕЛНЕР
Активности
Келнерите служат храна и пијалаци на маси во комерцијални локали за послужување храна и пијалаци, клубови, институции и кантини, на бродови и патнички возови.
Келнерите:
- ги поставуваат масите со чисти чаршави, прибор за јадење, садови и чаши;
- ги поздравуваат гостите и ги претставуваат менито и картата со пијалаци;
- даваат совет за избор на храна и пијалак;
- примаат нарачки за храна и пијалаци и ги пренесуваат нарачките на персоналот во кујната или на шанкот;
- ги послужуваат храната и пијалаците на клиентите на масите;
- ги чистат масите и ги враќаат садовите и приборот за јадење во кујната;
- послужуваат алкохолни и безалкохолни пијалаци;
- носат сметки, наплатуваат и користат терминали за наплата и каси;
- ги испраќаат гостите;
- извршуваат други сродни задачи;
- вршат надзор врз други работници.
Занимањата во оваа група може дополнително да се поделат:
5131.01 Главен келнер
5131.02 Бармен
5131.03 Келнер
5131.03 Помошен келнер
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)