СМЕТКОВОДИТЕЛИ

СМЕТКОВОДИТЕЛИ

Работна средина

Сметководителите работат во канцеларија, како вработени во комерцијални претпријатија, јавни институции, профитни и непрофитни субјекти, или како самостојни сметководители што обезбедуваат сметководствени услуги на клиентите.

Овластените сметководители извршуваат широк спектар задачи поврзани со сметководство, ревизија, даноци и консултации. Нивните клиенти вклучуваат претпријатија, државни институции и поединци. Овластените сметководители работат со финансиски документи кои клиентите треба да ги приложат согласно законот. Тука се вклучени даночни пријави и биланси на состојба и успех, кои претпријатијата мора да ги обезбедат. На пример, некои овластени сметководители се специјализирани за даноци или советување на претпријатијата во поглед на даночните олеснувања при одредени деловни одлуки.

Работата е со брзо темпо и може да биде стресна. Иако поголемиот дел од работата го завршуваат самостојно во канцеларија, понекогаш смеководителите ги посетуваат клиентите, претпријатијата и деловните простории.

 

Задолженија на работното место

Сметководителите подготвуваат и проверуваат финансиски извештаи. Тие осигуруваат точност на финансиската евиденција, и правилно и навремено плаќање на даноците. Сметководителите ги проценуваат финансиските активности и помагаат во ефикасното функционирање на организациите.

Потребно образование при вработување

(Сметководители)

  • 1) Средно образование (економска струка) и минимум 3 годишно професионално искуство или
  • 2) Високо образование (180 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 2 годишно професионално искуство или 3) Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 1 годишно професионално искуство

(Овластени сметководители)

  • Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 3 годишно професионално искуство

Просечна месечна нето заработувачка

29.196 МКД

Слободни работни местa

  • 352     АВРМ