ПОМОШНИЦИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА

ПОМОШНИЦИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА

Активности

Помошниците за здравствена грижа пружаат лична нега и помош при извршувањето на секојдневните животни активности директно на пациентите и лицата сместени во различни здравствени институции, како што се болници, клиники или центри за нега со сместување.

Помошниците за здравствена грижа:

  • обезбедуваат нега, поддршка и третман на пациентите и лицата сместени во здравствени, рехабилитирачки и резиденцијални објекти за нега, согласно планот за третман утврден од страна на лекари, медицински лица и други здравствени работници;
  • пружаат помош на пациентите на кои им е потребна лична и терапевтска нега, како што е лична хигиена, хранење, облекување, физичка мобилност и вежбање, комуникација, примање терапија и менување на преврските;
  • ги поставуваат, подигнуваат и вртат пациентите, и ги движат со количка или на подвижен кревет;
  • одржуваат хигиена во средината на пациентот, согласно стандардите, како што е чистење на собите и менување на постелината;
  • пружаат масажа и преземаат други нефармаколошки мерки за намалување на болките, на пример за време на бременост и породување;
  • ги следат состојбата, реакциите и однесувањето на пациентите, и ги известуваат здравствените работници во случај на промени;
  • извршуваат сродни задачи;
  • вршат надзор врз други работници.

Примери на занимања вклучени тука:

5321.01 Болнички послужител

5321.02 Болничка негувателка

5321.03 Помошна болничарка

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Помошниците за здравствена грижа пружаат лична нега и помош при извршувањето на секојдневните животни активности директно на пациентите и лицата сместени во различни здравствени институции, како што се болници, клиники или центри за нега со сместување.

Потребно образование при вработување

  • Средно образование
  • Основно образование и сертифицирана програма

Просечна месечна нето заработувачка

17.533 МКД

Слободни работни местa

2