СМЕТКОВОДИТЕЛИ

СМЕТКОВОДИТЕЛИ

Како да станете сметководител/ка

Образование

Вообичаено, се бара сметководителите да имаат завршено високо образование, насока сметководство. Некои претпријатија претпочитаат вработување кандидати кои имаат завршено магистерски студии, сметководство и ревизија или бизнис администрација со предмети по сметководство. Универзитетите им помагаат на студентите да се стекнат со практично искуство во текот на летото, преку практиканство во фирми со скратено работно време, како дел од нивните студиски програми.

Неколку универзитети нудат специјализирани програми, како што се високо образование во областа на сметководството и ревизијата. Кандидатите кои ги исполнуваат барањата за образование и искуство што ги навеле работодавачите, се вработуваат на позиција помлад сметководител и напредуваат низ сметководствените позиции, докажувајќи ги своите сметководствени вештини на работното место.

Јавни и приватни универзитети што имаат акредитирани програми за сметководство може да се најдат тука: http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii

 

Лиценци, овластувања и регистри

Сметководителите и овластените сметководители во Македонија треба да поседуваат лиценца издадена од страна на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија – ИСОС. Покрај другото, барањата за лиценцирање вклучуваат:

1) диплома за завршено средно стручно образование – економска насока – и изјава од работодавач со која се потврдува најмалку три години работно искуство во областа на сметководството, или

2) диплома за завршено тригодишно високо образование – економија или бизнис – или диплома за високо образование (180 кредити) и изјава од работодавач со која се потврдува најмалку две години работно искуство во областа на сметководството, или

3) диплома за завршено четиригодишно високо образование (VII/1) – економија или бизнис – или диплома за високо образование (240 кредити) и изјава од работодавач со која се потврдува најмалку една година работно искуство во областа на сметководството;

4) доказ за уплата на надоместокот за стекнување на лиценцата за сметководители.

За повеќе информации за процесот на лиценцирање и законските барања, видете на:

www.smetkovoditel.mk

Напредување

Лицата што поседуваат добри сметководствени вештини може да напредуваат во надзорници, раководители или партнери; да отворат сопствена сметководствена фирма; или да преминат на извршни позиции во менаџерско сметководство или во меѓународни компании. Некои стануваат контролори, сметководствени советници, високи финансиски службеници, меѓународни финансиски советници, финансиски инспектори или поврзани занимања.

Потребни вештини

Аналитички вештини. Сметководителите забележуваат проблеми во документацијата и предлагаат решенија. На пример, овластените сметководители користат аналитички вештини при нивната работа за да ги сведат на минимум даночните обврски, и ги користат овие вештини за да откријат неовластена употреба на средствата.

Комуникациски вештини. Сметководителите внимателно ги сослушуваат проблемите со кои се соочуваат клиентите, раководителите, и другите. Тие ги изнесуваат резултатите од нивната работа на состаноци и во писмените извештаи.

Забележување детали. Сметководителите обрнуваат внимание на деталите при составувањето и проверката на документацијата.

Математички вештини. Сметководителите вршат анализа, споредба и толкување на фактите и податоците, иако не се потребни сложени математички вештини.

Организациски вештини. Добрите организациски вештини се важни за сметководителите и ревизорите кои често работат со различен опсег на финансиски документи за различни клиенти.

 

Задолженија на работното место

Сметководителите подготвуваат и проверуваат финансиски извештаи. Тие осигуруваат точност на финансиската евиденција, и правилно и навремено плаќање на даноците. Сметководителите ги проценуваат финансиските активности и помагаат во ефикасното функционирање на организациите.

Потребно образование при вработување

(Сметководители)

  • 1) Средно образование (економска струка) и минимум 3 годишно професионално искуство или
  • 2) Високо образование (180 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 2 годишно професионално искуство или 3) Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 1 годишно професионално искуство

(Овластени сметководители)

  • Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 3 годишно професионално искуство

Просечна месечна нето заработувачка

29.196 МКД

Слободни работни местa

  • 352     АВРМ