СМЕТКОВОДИТЕЛИ

СМЕТКОВОДИТЕЛИ

Изгледи за вработување

Влегувањето во сила на Законот за сметководство (2012 г.) ќе ја поттикне побарувачката за сметководствени услуги бидејќи организациите ќе треба да се усогласат со новите законски стандарди. Понатаму, се очекува построгите стандарди да ја зголемат важноста на занимањето, како начин за претпријатијата да го покажат својот бонитет. Исто така, постојаната глобализација на бизнисот може да доведе до зголемена побарувачка за сметководствена експертиза и занимања поврзани со меѓународна трговија.

Лиценцираните сметководители имаат добри изгледи за вработување. Барателите на работа со магистерски студии во областа на сметководството и бизнисот може да имаат предност.

Институтот за сметководители и овластени сметководители – кој води евиденција на издадените лиценци согласно закон – има регистрирано околу 5.000 овластени сметководители и околу 700 сметководители во Македонија.

Во просек на годишно ниво, за периодот 2014-2016 г., бројот на регистрирани вработени сметководители изнесувал околу 1.120. Сметководителите се меѓу првите занимања со слободни работни места според статистиките на Агенцијата за вработување. Просечниот број на слободни работни места кај ова занимање, на месечно ниво, за периодот јануари-октомври 2017 година изнесува 352

Слични занимања класифицирани на друго место:

  • Финансиски директор – 1211
  • Сметководствени стручни соработници – 3313

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

 

Задолженија на работното место

Сметководителите подготвуваат и проверуваат финансиски извештаи. Тие осигуруваат точност на финансиската евиденција, и правилно и навремено плаќање на даноците. Сметководителите ги проценуваат финансиските активности и помагаат во ефикасното функционирање на организациите.

Потребно образование при вработување

(Сметководители)

  • 1) Средно образование (економска струка) и минимум 3 годишно професионално искуство или
  • 2) Високо образование (180 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 2 годишно професионално искуство или 3) Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 1 годишно професионално искуство

(Овластени сметководители)

  • Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 3 годишно професионално искуство

Просечна месечна нето заработувачка

29.196 МКД

Слободни работни местa

  • 352     АВРМ