СМЕТКОВОДИТЕЛИ

СМЕТКОВОДИТЕЛИ

Просечна месечна нето заработувачка

29.196 МКД

Заработувачка

Просечната месечна нето заработувачка за споредбената група стручњаци за финансии каде спаѓаат сметководителите, изнесувала 29.196 денари во октомври 2014 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2016 година, околу 90 проценти од огласите за сметководители се однесувале за вработувања со полно работно време.

(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2014 г.)

Задолженија на работното место

Сметководителите подготвуваат и проверуваат финансиски извештаи. Тие осигуруваат точност на финансиската евиденција, и правилно и навремено плаќање на даноците. Сметководителите ги проценуваат финансиските активности и помагаат во ефикасното функционирање на организациите.

Потребно образование при вработување

(Сметководители)

  • 1) Средно образование (економска струка) и минимум 3 годишно професионално искуство или
  • 2) Високо образование (180 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 2 годишно професионално искуство или 3) Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 1 годишно професионално искуство

(Овластени сметководители)

  • Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 3 годишно професионално искуство

Просечна месечна нето заработувачка

29.196 МКД

Слободни работни местa

  • 352     АВРМ