РАЗВИВАЧИ НА СОФТВЕР

РАЗВИВАЧИ НА СОФТВЕР

Работна средина

Развојот на софтвер е тимска работа и бара соработка со тимови од разни области кои исто така допринесуваат до развој, доработка и имплементација на успешно софтверско решение.

Развивачите на софтвер најчесто работат во компании од ИТ секторот. Голем дел од развивачите на софтвер работат во телекомуникациски компании, банки или преработувачката индустрија. Во последно време се зголемува бројот на развивачи на софвер кои работат од дома.

Примери на слични занимања за развивачи на софтвер:

Дизајнери на софтвер, дизајнираат компјутерски апликации или комјутерски игри. Може да креираат кориснички софтвер за специфични клиенти или комерцијален софтвер за продажба или слободна дистрибуција. Еден дел од дизајнерите на софтвер креираат или одржуваат комплексни датабази за клиенти. Тие исто така креираат програми кои клиентите ги користат за работа преку интернет или интранет.

Софтверските инженери креираат системи кои го овозможуваат функционирањето на компјутерите. Овие системи можат да бидат оперативни системи за користење (пр. Виндоус) или системи изградени специфично за одредена организација. Многу често, системските инженери го креираат системскиот интефејс, кој овозможува корисниците да имаат интеракција со компјутерот или уредот со кој работат. Софтверските инженери креираат оперативни системи кои ги контролираат највеќето од електрониката која се користи денес, вклучувајќи таблети, смартфони или автомобили.

 

Задолженија на работното место

Развивачите на софтвер за компјутерските системи спроведуваат истражувања, планираат, анализираат, дизајнираат, тестираат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за работа за постоечките или нови софтверски апликации и оперативни системи за да ги задоволат барањата во практичната примена.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Потребни се лиценци за познавање на одредени програмски јазици или програмски пакети

Просечна месечна нето заработувачка

31.207 МКД

Слободни работни местa

  • 50    АВРМ