РАЗВИВАЧИ НА СОФТВЕР

РАЗВИВАЧИ НА СОФТВЕР

Изгледи за вработување

Најдобри изгледи за вработување ќе имаат оние кои поседуваат знаења кои се во тек со најновите технологии и оние кои умеат да работат во еден или повеќе програмски јазици.

Во просек на годишно ниво, за периодот 2014-2016, бројот на регистрирани вработени изнесувал околу 172, притоа оваа бројка континуирано расте од година во година.

Развивачите на софтвер се меѓу најмногу бараните занимања. Во просек на годишно ниво, во текот на 2017 година имало 49 слободни места.

Слични занимања класифицирани на друго место:

  • Програмери за апликација2514

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

За повици за активни мерки на пазарот на трудот или обуки:

www.avrm.gov.mk

Задолженија на работното место

Развивачите на софтвер за компјутерските системи спроведуваат истражувања, планираат, анализираат, дизајнираат, тестираат, унапредуваат или развиваат концепции и оперативни методи за работа за постоечките или нови софтверски апликации и оперативни системи за да ги задоволат барањата во практичната примена.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Потребни се лиценци за познавање на одредени програмски јазици или програмски пакети

Просечна месечна нето заработувачка

31.207 МКД

Слободни работни местa

  • 50    АВРМ