ПОМОШНИЦИ ВО ПРОДАЖБАТА ВО ПРОДАВНИЦА

ПОМОШНИЦИ ВО ПРОДАЖБАТА ВО ПРОДАВНИЦА

Распоред на работата

Голем број продавачи работат попладне, навечер, и за викенди, а особено за време на празници и други периоди кога има најголема продажба. Бидејќи периодот пред Нова година често се карактеризира со најмногу работа, голем број работодавачи го ограничуваат времето на одмор на продажниот персонал меѓу крајот на декември и почетокот на јануари.

Според евиденциите на Агенцијата за вработување, најголем дел од огласите за ова занимање се со полно работно време.

Задолженија на работното место

Продавачите во продавница се вклучени во директна продажба на производи и услуги или во име на малопродажни или големопродажни претпријатија. Тие ги објаснуваат функциите и квалитетите на производите и услугите.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

13.064 МКД

Слободни работни местa

  • 179 АВРМ