ПОМОШНИЦИ ВО ПРОДАЖБАТА ВО ПРОДАВНИЦА

ПОМОШНИЦИ ВО ПРОДАЖБАТА ВО ПРОДАВНИЦА

Активности

Помошниците во продажбата во продавница продаваат производи во малопродажни и големопродажни претпријатија, и ги објаснуваат функциите и квалитетите на тие производи.

Продавачите:

  • даваат информации за разновидните производи или услуги, како и за условите за продажба;
  • ги изложуваат производите, ги пакуваат и ги подготвуваат производите за продажба;
  • ги покажуваат производите и ги запознаваат клиентите со нивните главни карактеристики или ги советуваат за начинот на употреба;
  • примаат нарачки и ги испорачуваат производите на претпријатија и домаќинства;
  • наплатуваат за продадените производи или услуги;
  • дистрибуираат рекламен материјал и оставаат примероци;
  • извршуваат сродни задачи;
  • вршат надзор врз други работници.

Занимања во оваа група се:

5223.01 Аквизитер

5223.02 Продавач преку телефон

5223.03 Помошник во продавница

5223.04 Продавач-консултант

5223.05 Продавач-асистент

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Продавачите во продавница се вклучени во директна продажба на производи и услуги или во име на малопродажни или големопродажни претпријатија. Тие ги објаснуваат функциите и квалитетите на производите и услугите.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

13.064 МКД

Слободни работни местa

  • 179 АВРМ