ПЛИНОИНСТАЛАТЕРИ

ПЛИНОИНСТАЛАТЕРИ

Работна средина

Движењето на течностите и гасовите низ цевките е од суштинско значење во модерниот начин на живот. Иако водоинсталатерите, инсталатерите на цевки и плиноинсталатерите извршуваат три различни и специјализирани улоги, нивните задолженија често се слични. На пример, сите тие инсталираат цевки и уреди што пренесуваат вода, водена пареа, воздух или други течности и гасови. Тие поврзуваат цевки, ги одредуваат неопходните материјали за работата и извршуваат тестирања под притисок за да осигурат дека цевководниот систем не пропушта воздух и вода.

Водоинсталатерите, инсталатерите на цевки и плиноинсталатерите инсталираат, одржуваат и поправаат различни видови цевководни системи. Водоинсталатерите, инсталатерите на цевки, и плиноинсталатерите користат различни материјали и градежни техники, зависно од видот на проектот. На пример, кај резиденцијалните водоводни системи се користат бакарни, челични и пластични цевки, кои може да ги инсталираат еден или двајца водоинсталатери. Спротивно на нив, водоводните системи кај електраните се направени од големи челични цевки, за чија инсталација, вообичаено, е потребен цел тим од инсталатери на цевки.

Водоинсталатерите и плиноинсталатерите понекогаш продупчуваат дупки низ ѕидови, тавани и подови. Кај некои цевководни системи, работниците поставуваат челична поддршка на таванските греди за да ги постават цевките. Бидејќи цевките ретко се произведуваат според потребните должини, инсталатерите на цевки ги мерат и потоа ги сечат и свиткуваат цевките според потребите. Често, потребни алатки се пили и алати за сечење цевки.

Плиноинсталатерите инсталираат и одржуваат цевки за пренос на гас. Овие цевки, главно, се користат во производни, комерцијални и индустриски постројки. Инсталатерите инсталираат и поправаат цевководни системи во електрични централи, како и системи за греење и ладење во големи деловни згради. Плиноинсталатерите инсталираат цевки што спроведуваат природен гас до системите за греење и ладење и до печките. Исто така, тие инсталираат цевки што спроведуваат чист кислород до пациентите во болниците.

Покрај инсталацијата и поправката, водоинсталатерите, инсталатерите на цевки и плиноинсталатерите често работат со и ги подучуваат учениците и помошниците.

Задолженија на работното место

Плиноинсталатерите инсталираат и поправаат цевки за пренос на течности или гасови до/од и во рамки на претпријатија, домаќинства и фабрики.

Потребно образование при вработување

  • Четиригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

14, 305 МКД

Слободни работни местa

  • 49 АВРМ