ПЛИНОИНСТАЛАТЕРИ

ПЛИНОИНСТАЛАТЕРИ

Како да станете плиноинсталатер/ка

Образование

Потребно е завршено средно образование или соодветен курс. Техничките училишта во Македонија нудат курсеви за планирање цевководни системи, безбедност и алатки што се користат, преку четиригодишната програма „машински техничар“. Програмите за стажирање со обука нудат мерење, заварување и сродни курсеви што се сметаат за неопходни за водоинсталатерите и плиноинсталатерите.

Од 2015 г., Министерството за труд и социјална политика го стандардизираше занимањето плиноинсталатери, а потребните вештини и познавања може да се најдат тука

http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/mashinska_montgasovinst.pdf

Стручните училишта нудат 4-годишни програми за машински техничари (курс и практиканти за водоинсталатери, плиноинсталатери и инсталатери на систем за пареа):

  1. Средно општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  2. Средно стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ – Велес
  3. Средно општинско училиште „Ванчо Прке“ – Виница
  4. Средно општиско техничко училиште „Гостивар“ – Гостивар
  5. Средно општинско училиште „Мирко Милески“ – Кичево
  6. Средно општинско училиште „Гошо Викентиев“ – Кочани
  7. Средно општинско техничко училиште „Наце Буѓони“ – Куманово
  8. Општински електро-машински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  9. Средно општинско училиште „Ристе Ристеки – Ричко“ – Прилеп
  10. Средно општинско училиште „Наум Наумовски – Борче“ – Пробиштип
  11. Средно училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје
  12. Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ – Штип

Обука

Центарот за обука на возрасни верификува програми за обука, кои се со времетраење од 3 до 6 месеци, зависно од интензитетот на посетување (минимум завршено основно образование).

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за водоинсталатери и плиноинсталатери, посетете ја страницата:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

Секоја година, Агенцијата за вработување нуди различни субвенционирани програми за обука.

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Приватните претпријатија може да спонзорираат програми за стажирање за нови вработени.

Со дополнително техничко образование и неколку години водоинсталатерско искуство, водоинсталатерите може да се стекнат со статус мајстор. Занимањето не се лиценцира и голем дел од водоинсталатерите влегуваат на пазарот на трудот нерегистрирани.

Потребни вештини

Машински вештини. Водоинсталатерите и плиноинсталатерите користат различни алати за спојување и поправање на цевководните системи. Изборот на соодветниот алат и успешното инсталирање, поправка или одржување на системот се суштински за нивната работа.

Физичка сила. Водоинсталатерите и плиноинсталатерите мора да бидат доволно силни за да подигнуваат и пренесуваат тешки цевки.

Вештини за решавање проблеми. Водоинсталатерите и плиноинсталатерите пронаоѓаат, дијагностицираат и поправаат проблеми. На пример, водоинсталатерите и плиноинсталатерите мора да поседуваат вештини за изведување тестови под притисок, за да го утврдат местото на истекување.

Деловни вештини. Водоинсталатерите и плиноинсталатерите кои имаат сопствени претпријатија, мора да имаат вештини за насочување на работниците, доставување понуди за работа, и да го планираат распоредот за работа.

Услужување на клиентите. Водоинсталатерите и плиноинсталатерите редовно работат со клиенти, и треба да бидат учтиви и пристојни.

 

 

Задолженија на работното место

Плиноинсталатерите инсталираат и поправаат цевки за пренос на течности или гасови до/од и во рамки на претпријатија, домаќинства и фабрики.

Потребно образование при вработување

  • Четиригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

14, 305 МКД

Слободни работни местa

  • 49 АВРМ