ПЛИНОИНСТАЛАТЕРИ

ПЛИНОИНСТАЛАТЕРИ

Изгледи за вработување

Според процените од Анкетите на работна сила 2011-2016, бројот на водоинсталатери и инсталатери на цевки  се движи помеѓу 1.700 и 2.800 вработени.

Се очекува побарувачката за водоинсталатери и плиноинсталатери да се зголеми во текот на следните неколку години, бидејќи е зачестено инсталирањето гас за претпријатија, фабрики и приватни згради.

Во просек на годишно ниво, за периодот 2014-2016, бројот на регистрирани вработени водоинсталатери и инсталатери на цевки изнесувал околу 180.

Во целина, се очекува можностите за вработување да бидат добри, при што некои работодавачи и понатаму се соочуваат со потешкотии при пронаоѓање квалификувани работници.

Како и кај другите градежни работници, вработувањето водоинсталатери и плиноинсталатери зависи од флуктуацијата во економијата. Од друга страна, работниците може да се соочат со периоди на невработеност во случај на општ пад на нивото на градежништвото, но може да дојде и до недостиг од работници во одредени периоди со зголемена градежна активност.

Плиноинсталатерите повеќе ќе бидат барани во иднина, бидејќи се забрзува процесот на гасификација во Македонија. Во периодот што следува, во фабриките ќе има нови работни места, како резултат на користењето природен гас во производниот процес, како поевтина варијанта од фосилното гориво. Во наредните години, се очекува изградба на примарната инфраструктура за дистрибуција на гас во земјата, па затоа се очекува топлотните станици и електраните да преминат на природен гас. На долгорочен план, откако ќе биде достапна секундарната мрежа за дистрибуција на гас, ќе има поголема побарувачка за плиноинсталатери во домаќинствата.

Слични занимања (од ISCO-08)

▪ Инсталатери за греење и климатизација – 7127

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

Задолженија на работното место

Плиноинсталатерите инсталираат и поправаат цевки за пренос на течности или гасови до/од и во рамки на претпријатија, домаќинства и фабрики.

Потребно образование при вработување

  • Четиригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

14, 305 МКД

Слободни работни местa

  • 49 АВРМ