СМЕТКОВОДИТЕЛ

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Активности

Сметководителите ги советуваат клиентите за сметководствените политики и системи, како и за сметководствени прашања, подготвуваат финансиски и сметководствени извештаи, ја контролираат примената на сметководствените прописи и меѓународните стандарди.

Сметководителите:

  • даваат совети за и ја контролираат примената на законските прописи и меѓународните стандарди;
  • подготвуваат сметководствени и финансиски политики, и системи за претпријатијата;
  • изработуваат финансиски изјави за потребите на раководството, акционерите, како и државните и другите надлежни органи;
  • подготовуваат даночни пријави, даваат совети во поглед на оданочувањето и решавањето спорни барања пред даночните органи;
  • подготвуваат финансиски извештаи и буџети;
  • подготовуваат пресметки и прогнози за добивката, и поднесуваат извештаи;
  • водат евиденција за настанатите трошоци во организацијата;
  • спроведуваат финансиска контрола за прашања како што се стечај, ликвидација и измама;
  • вршат контрола на сметките, книговодството и финансиската евиденција;
  • ги координираат активностите со надворешни финансиски институции;
  • извршуваат сродни задачи;
  • вршат надзор врз други соработници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2411.01 Раководител на сметководствени работи

2411.02 Раководител на финансиски работи

2411.03 Раководител на сметководство и финансии

2411.04 Финансиски инспектор

2411.05 Финансиски советник

2411.06 Даночен советник

2411.07 Даночен инспектор

2411.08 Проценувач на бонитет

2411.09 Ревизор

2411.10 Девизен инспектор

2411.11 Сметководител

2411.12 Советник за пресметка

2411.13 Финансиски контролор

2411.14 Соработник за финансиски работи

2411.15 Советник за меѓународни финансии

2411.16 Советник за сметководствени стандарди

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Сметководителите подготвуваат и проверуваат финансиски извештаи. Тие осигуруваат точност на финансиската евиденција, и правилно и навремено плаќање на даноците. Сметководителите ги проценуваат финансиските активности и помагаат во ефикасното функционирање на организациите.

Потребно образование при вработување

(Сметководители)

  • 1) Средно образование (економска струка) и минимум 3 годишно професионално искуство или
  • 2) Високо образование (180 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 2 годишно професионално искуство или 3) Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 1 годишно професионално искуство

(Овластени сметководители)

  • Високо образование (240 ЕКТС) – насока бизнис или економија и 3 годишно професионално искуство

Просечна месечна нето заработувачка

35.692 МКД

Слободни работни местa

259