ПЛИНОИНСТАЛАТЕРИ

ПЛИНОИНСТАЛАТЕРИ

Активности

Плиноинсталатерите инсталираат, одржуваат и поправаат гасоводни линии, мерни уреди, регулатори и цевководни системи и апарати. Тука се вклучени системи за жешка вода и други апарати на гас, како што се грејачи на гас и топлотни пумпи. Тие мерат, сечат, обликуваат и поставуваат гасоводни цевки, ги тестираат системите што ги инсталираат, и ги поставуваат во домаќинства, претпријатија и други згради.

Плиноинсталатерите:

  • вршат подготвителни активности за инсталација на гасоводни линии, цевководни системи и апарати;
  • инсталираат вентили, славини и друга опрема за системи за снабдување со гас;
  • инсталираат, одржуваат и поправаат секакви видови гасоводни системи во згради, фабрики и општи цевководни мрежи;
  • инсталираат апарати на гас со помош на рачни и електрични алати;
  • ги контролираат, испитуваат и тестираат инсталираните системи и цевки, со употреба на манометар, хидростатично тестирање, следење или други методи;
  • извршуваат сродни задачи;
  • вршат надзор врз други работници.

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

7126.01 Помошен водоинсталатер

7126.02 Водоинсталатер

7126.03 Водоинсталатер, мајстор

7126.04 Плиноинсталатер

7126.05 Плиноинсталатер, мајстор

7126.06 Водоинсталатер и плиноинсталатер

7126.06 Бродоцевкар

7126.08 Бродоцевкар, специјализиран

7126.09 Помошен монтер на цевовод

7126.10 Монтер на цевовод

7126.11 Монтер на цевовод, специјализиран

7126.12 Монтер за санитарна инсталација

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Плиноинсталатерите инсталираат и поправаат цевки за пренос на течности или гасови до/од и во рамки на претпријатија, домаќинства и фабрики.

Потребно образование при вработување

  • Четиригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

14, 305 МКД

Слободни работни местa

  • 49 АВРМ