ПЕКАРИ

ПЕКАРИ

Како да станете пекар/ка

Образование

Повеќето пекари ги учат своите вештини преку обука на работно место или во текот на работното искуство. Некои пекари посетуваат курсеви за кулинарство, додека други посетуваат програми за стручно образование и обука.

Од 2015 г., Министерството за труд и социјална политика го стандардизираше ова занимање, и потребните вештини и знаења може да се најдат тука:
http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/hemteh-izrablebbel.pdf

Формално образование се нуди во стручните училишта ширум земјата.

Стручните училишта нудат тригодишни програми за пекари:

  1. Средно стручно училиште „Киро Бурназ“ – Куманово
  2. Средно општинско училиште „Св.. Кирил и Методиј“ – Неготино
  3. Средно училиште за туризам и угостителство „Ванчо Питошески“ – Охрид
  4. Средно општинско училиште „Орде Чопела“ – Прилеп
  5. Средно училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ – Скопје
  6. Средно општинско училиште „Димитар Влахов“ – Струмица

Образовни програми што ги верификува Центарот за стручно образование и обука се нудат преку средните училишта и се со времетраење од три години.

Центарот за образование на возрасни има верификувано програми за обука со времетраење од 2 месеци (задолжително завршено основно образование).

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за пекари посетете ја следната страница:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

Обука

Пекарите може да ги стекнат вештините преку обука на работното место или практиканство. Секоја година, Агенцијата за вработување нуди различни субвенционирани обуки за пекари.

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Искуство

Некои пекари ги учат вештините преку работно искуство. На пример, тие може да почнат како помошници-пекари и учејќи ги пекарските техники да напредуваат во самостојни пекари.

Потребни вештини

Забележување детали. Пекарите мора внимателно да ги следат своите производи во печката и да не дозволат тие да изгорат. Треба да забележуваат детали, бидејќи голем дел од белите печива и тортите бараат декорации.

Математички вештини. Пекарите мора да поседуваат основни математички вештини, особено, познавање на дропки, за да може прецизно да ги мешаат рецептите, да ги мерат состојките или да ги приспособуваат мешавините.

Физичка кондиција. Пекарите стојат на нозе подолг период додека го приготвуваат тестото, го следат печењето или пакувањето на пекарските производи.

Физичка сила. Пекарите треба да подигнуваат и носат тешки торби со брашно и други состојки, кои може да тежат до 50 кг.

 

Задолженија на работното место

Пекарите мешаат состојки според рецепти за да приготват леб, бели печива, и други пекарски производи. Пекарите произведуваат различни видови и количини леб, бели печива и други пекарски производи наменети за продажба во продавници, големопродажни капацитети, ресторани и објекти за продажба на храна во рамки на институции. Некои пекари создаваат нови рецепти.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

13.175 МКД

Слободни работни местa

  • 267 АВРМ