ПЕКАРИ

ПЕКАРИ

Изгледи за вработување

Според процените од Анкетата на работна сила, бројот на пекари, слаткари и сродни занимања во Македонија изнесувал околу 4.530 во 2016 година.

(Извор: ДЗС, Анкета на работна сила, 2016)

Порастот на населението и приходите се очекува да резултира со поголема побарувачка за пекарски специјалитети, како што се тортички, пити и торти, во продавниците за прехранбени производи, малопродажните пекарници и рестораните.

http://ces.mk/mk/kurs-za-izrabotuvach-na-beli-peciva

Се очекува да има добри можности за вработување, заради потребата од замена на работниците што го напуштаат ова занимање секоја година. Искусните пекари со години работно искуство, особено во приготвување пекарски специјалитети, треба да имаат најдобри можности за вработување.

Во просек на годишно ниво, за периодот 2014-2016 г., бројот на регистрирани вработени пекари изнесувал околу 1.000.

Слични занимања (од ISCO-08)

▪ Готвач – 5120

▪ Ракувачи со машини за прехранбени и слични производи – 8160

▪ Ракувач со пекарски машини – 8160

▪ Ракувач со машина за производство на чоколади – 8160

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

Задолженија на работното место

Пекарите мешаат состојки според рецепти за да приготват леб, бели печива, и други пекарски производи. Пекарите произведуваат различни видови и количини леб, бели печива и други пекарски производи наменети за продажба во продавници, големопродажни капацитети, ресторани и објекти за продажба на храна во рамки на институции. Некои пекари создаваат нови рецепти.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

13.175 МКД

Слободни работни местa

  • 267 АВРМ