ПЕКАРИ

ПЕКАРИ

Активности

Пекарите и слаткарите приготвуваат различни видови леб, торти и други производи од брашно, како и рачно изработени слатки.

Пекарите:

  • приготвуваат леб, торти, бисквити, бели печива, пити и други производи од брашно;
  • рачно приготвуваат слатки од мешавини на шеќер, чоколада и други состојки, со помош на рачни алатки и машини;
  • го проверуваат квалитетот на суровините и ги почитуваат професионалните здравствени и безбедносни прописи и спецификации за производство;
  • комбинираат мерки и состојки во садови за мешање или машини;
  • ги премачкуваат производите со заштитни глазури на природна основа;
  • ја контролираат температурата во печките при печење на производите;
  • ја координираат и организираат дистрибуцијата и продажбата на производите;
  • извршуваат сродни задачи;
  • вршат надзор врз други работници.

Занимањата во оваа група вклучуваат:

7512.01 Пекарски работоводител

7512.02 Пекар

7512.03 Пекар, мајстор

7512.04 Бурекчија

7512.05 Слаткар

7512.06 Слаткар, мајстор

7512.07 Тестеничар

7512.08 Изработувач на бели печива

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Пекарите мешаат состојки според рецепти за да приготват леб, бели печива, и други пекарски производи. Пекарите произведуваат различни видови и количини леб, бели печива и други пекарски производи наменети за продажба во продавници, големопродажни капацитети, ресторани и објекти за продажба на храна во рамки на институции. Некои пекари создаваат нови рецепти.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и сертификат
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

13.175 МКД

Слободни работни местa

  • 267 АВРМ