РАКУВАЧИ СО ПОСТРОЈКИ ЗА ОБРАБОТКА НА РУДА И КАМЕН

РАКУВАЧИ СО ПОСТРОЈКИ ЗА ОБРАБОТКА НА РУДА И КАМЕН

Работна средина

При кршење, дробење и обработка на камен, ракувачите мора да носат соодветна заштитна или безбедносна опрема, бидејќи понекогаш се изложени на опасна опрема или контаминирани материјали. Голем дел од денот го минуваат во стоење. Опремата кај ова занимање може да биде неудобна, бидејќи се изложени на многу високи или ниски температури. Редовно работат во средина со високо ниво на бучава, кое може да доведе до намалување на концентрацијата или да биде непријатно. Прецизноста е многу важна во оваа работа. Овие работници имаат средно ниво на слобода за носење одлуки.

Задолженија на работното место

Ракувачите со постројки за обработка на руда и камен надгледуваат и ракуваат со машините и опремата за обработка на камен и руда за облагородување на добиените производи за директна употреба или понатамошна обработка.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и соодветна обука
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

22.219 МКД

Слободни работни местa

  • 37 АВРМ