РАКУВАЧИ СО ПОСТРОЈКИ ЗА ОБРАБОТКА НА РУДА И КАМЕН

РАКУВАЧИ СО ПОСТРОЈКИ ЗА ОБРАБОТКА НА РУДА И КАМЕН

Како да станете ракувач/ка со постројки за обработка на руда и камен

Образование

Повеќето ракувачи со постројки за обработка на руда и камен имаат завршено основно или средно образование, и учат на работното место или преку искуството на поискусните ракувачи. Некои може да учат и да посетуваат обука преку програмите за геологија, рударство и металургија, кои ги нудат стручните училишта ширум земјата. Програмата за ракувачи на машини за руда во стручните училишта е со времетраење од 3 години.

Од 2015 г., неколку сродни занимања со ракувачи со постројки за обработка на руда и камен се стандардизирани од страна на Министерството за труд и социјална политика, а потребните вештини и знаење се наведени во продолжние:

  • Ракувач со рударски машини во површинска експлоатација:

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/georud-rudmaspovrs.pdf

  • Ракувач со рударски машини во подземна експлоатација:

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/georud-rudmaspodz.pdf

  • Ракувач на механизација за подземна експлоатација на јаглен:

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/georud-mehpodeksjag.pdf

Стручни училишта што нудат тригодишни програми за оператори на машини за рударство:

  1. Средно општинско училиште „Таки Даскало“ – Битола
  2. Средно општинско училиште „Миле Јаневски-Ѕингар“ – Македонска
  3. Каменица
  4. Средно општинско училиште „Коста Сусинов“ – Радовиш

Обука

Центарот за образование на возрасни верификува програми за обука, кои се со времетраење од 4 месеци (минимум завршено средно образование).

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки посетете ја следната страница:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

Секоја година, Агенцијата за вработување нуди голем број различни субвенционирани програми за обука.

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Приватните претпријатија може да спонзорираат програми за практиканство за нови вработени.

Потребни вештини

Внимателност. Ракувачите со постројки за обработка на руда и камен мора да бидат свесни за околината додека ракуваат со машините.

Координација рака-око-нога. Ракувачите со постројки за руда и камен треба да имаат смирени раце и нозе за прецизно насочување и контрола на опремата. Тие користат рачни контроли за маневрирање со машините во тесни простори, околу големи објекти и на нерамни површини.

Механички вештини. Ракувачите со постројки за обработка на руда и камен прават мали приспособувања на машините и основно одржување.

Визуелна способност. Ракувачите со постројки за обработка на руда и камен мора јасно да гледаат каде возат или каде се движат. Мора да внимаваат на работниците во близина, кои незнаејќи може да влезат во нивната патека.

 

Задолженија на работното место

Ракувачите со постројки за обработка на руда и камен надгледуваат и ракуваат со машините и опремата за обработка на камен и руда за облагородување на добиените производи за директна употреба или понатамошна обработка.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Основно образование и соодветна обука
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

22.219 МКД

Слободни работни местa

  • 37 АВРМ