СЛУЖБЕНИЦИ ВО КНИГОВОДСТВО

СЛУЖБЕНИЦИ ВО КНИГОВОДСТВО

Распоред на работата

Повеќето книговодители работат со полно работно време. Тие може да работат и прекувремено за да ги испочитуваат роковите на крајот од финансиската година, во периодите на поднесување на даночните пријави или во периодите на спроведување на месечната или годишната сметководствена ревизија.

Задолженија на работното место

Службениците во книговодството обработуваат, класифицираат и евидентираат нумерички податоци заради комплетирање на финансиската евиденција. Тие извршуваат рутински пресметки и елаборираат основни финансиски податоци за одржување на сметководствената евиденција.

Потребно образование при вработување

  • Четиригодишно стручно образование или
  • Средно образование и обука

Просечна месечна нето заработувачка

19.915 МКД

Слободни работни местa

  • 23 АВРМ