СЛУЖБЕНИЦИ ВО КНИГОВОДСТВО

СЛУЖБЕНИЦИ ВО КНИГОВОДСТВО

Како да станете книговодител/ка

Образование

Службениците во книговодство треба да имаат завршено средно образование, и курс по книговодство и сметководство. Меѓутоа, кандидатите со високо образование може да се вработат за да стекнат професионално искуство и да станат сметководители или овластени сметководители.

Формално образование се нуди во стручните училишта, акредитирани програми преку Центарот за образование на возрасни, каде што во својство на обучувачи се јавуваат отворените граѓански универзитети (поранешни работнички универзитети), стопанските комори и други приватни даватели на обуки.

Средни училишта што нудат програми за економски техничари:

  1. Средно општинско училиште „Јане Сандански“ – Битола
  2. Средно општинско училиште „Јовче Тесличков“ – Велес
  3. Средно општинско училиште „Неготино“ – Врапчиште
  4. Средно општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
  5. Средно економско општиско училиште „Гостивар“ – Гостивар
  6. Средно општинско училиште „Добри Даскалов“ – Кавадарци
  7. Средно општинско училиште „Мирко Милески“ – Кичево
  8. Средно општинско училиште „Дрита“ – Кичево
  9. Средно општинско училиште „Љупчо“ – Кочани
  10. Средно општинско училиште „Перо Наков“ – Куманово
  11. Средно општинско стручно училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид
  12. Средно економско и правно општинско училиште „Кузман Јосифовски Питу“ – Прилеп
  13. Средно општинско училиште „Коста Сусинов“ – Радовиш
  14. Средно економско и правно училиште на Град Скопје „Васил Антевски Дрен“ – Скопје
  15. Средно економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ – Скопје
  16. Средно училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ – Скопје
  17. Средно училиште на Град Скопје „Шаип Јусуф“ – Скопје
  18. Средно училиште на Град Скопје „Сарај“ – Скопје
  19. Средно општинско училиште „Нико Нестор“ – Струга
  20. Средно општинско училиште „Јане Сандански“ – Струмица
  21. Средно економско општиско училиште „8 септември“ – Тетово

Акредитираната програма „Економски техничар“ ја нуди Центарот за стручно образование и обука преку средните училишта, со времетраење од 4 години.

Верификуваните програми за обука се достапни преку Центарот за образование на возрасни. Курсот трае околу 220 часа, во тек на 3-6 месеци (минимум завршено средно образование)

Од 2015 г., Министерството за труд и социјална политика го стандардизираше занимањето книговодители, а потребните вештини и познавања може да се најдат тука:

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/ekonomska_sluzbknigovod.pdf

Обука

Покрај формалното образование, службениците во книговодство, вообичаено, добиваат обука на работното место. Со насоки на надзорникот или друг искусен вработен, новите службеници учат како да ги извршуваат своите задачи, вклучувајќи сметководствена софтверска програма што е специфична за претпријатието.

Може да биде потребна и дополнителна формална обука, како што е обука за специјализирани софтверски програми или подготовка на извештаи согласно меѓународните стандарди за финансиски извештаи.

Центарот за образование на возрасни нуди верификација на голем број програми за службеници во книговодство (видете на линкот во продолжение)

За повеќе информации за програмите и давателите на обуки за службеници во книговодство посетете ја следната страница:

www.cov.gov.mk

Напредување

Кандидатите кои ги исполнуваат барањата за образование и искуство се вработуваат на пониски сметководствени позиции и напредуваат, покажувајќи ги своите сметководствени вештини на работното место. Со соодветно искуство и образование, службениците во книговодство може да станат сметководители или ревизори.

Потребни вештини

Компјутерски вештини. Службениците во книговодство треба да имаат напредно познавање на работата со компјутерски документи и книговодствени софтверски програми.

Забележување детали. Службениците се одговорни за изработка на прецизни финансиски извештаи. Мора да внимаваат на деталите за да избегнат правење грешки и да ги забележат грешките на другите.

Интегритет. Книговодителите имаат контрола врз финансиската документација на организацијата, која мора соодветно и доверливо да се чува. Од суштинска важност е евиденцијата да биде транспаретна и да се спречи злоупотреба на средствата на организацијата.

Математички вештини. Службениците во книговодство постојано работат со цифри и треба да имаат добри аритметички вештини.

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Службениците во книговодството обработуваат, класифицираат и евидентираат нумерички податоци заради комплетирање на финансиската евиденција. Тие извршуваат рутински пресметки и елаборираат основни финансиски податоци за одржување на сметководствената евиденција.

Потребно образование при вработување

  • Четиригодишно стручно образование или
  • Средно образование и обука

Просечна месечна нето заработувачка

28.272 МКД

Слободни работни местa

47