СЛУЖБЕНИЦИ ВО КНИГОВОДСТВО

СЛУЖБЕНИЦИ ВО КНИГОВОДСТВО

Просечна месечна нето заработувачка

19.915 МКД

Заработувачка

Просечната месечна нето заработувачка за споредбената група службеници во книговодство, финансии и статистика, каде што спаѓаат службениците во книговодство, изнесувала 19.915 денари во октомври 2014 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2016 година, околу 90 проценти од огласите за службеници во книговодство се однесувале за вработувања со полно работно време.

(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2014 г.)

Задолженија на работното место

Службениците во книговодството обработуваат, класифицираат и евидентираат нумерички податоци заради комплетирање на финансиската евиденција. Тие извршуваат рутински пресметки и елаборираат основни финансиски податоци за одржување на сметководствената евиденција.

Потребно образование при вработување

  • Четиригодишно стручно образование или
  • Средно образование и обука

Просечна месечна нето заработувачка

19.915 МКД

Слободни работни местa

  • 23 АВРМ