СЛУЖБЕНИЦИ ВО КНИГОВОДСТВО

СЛУЖБЕНИЦИ ВО КНИГОВОДСТВО

Активности

Службениците во сметководството и книговодството обработуваат податоци во одделни аналитички книговодства или изработуваат финансиски извештаи кои служат за книжење во книговодството.

Книговодителите:

  • книжат во книговодство;
  • вршат неопходни пресметки;
  • извршуваат други ограничени сметководствени и книговодствени задачи;
  • спроведуваат едноставна контрола и ја комплетираат документацијата која произлегува од деловните односи;
  • прават пресметки со компјутерски програми, ги чуваат и анализираат информациите;
  • калкулираат, подготвуваат и користат финансиски пресметки во претпријатијата;
  • подготвуваат и вршат ревизија на основни финансиски извештаи, кои се однесуваат на сметки, трошоци, побарувања и обврски, добивка и загуба;
  • пресметуваат производствени трошоци по единица производ;
  • пресметуваат плати според одработените часови или работа извршена од вработени поединци;
  • извршуваат сродни задачи;
  • вршат надзор врз други работници.

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

4311.01 Книговодител на залихи

4311.02 Финансов книговодител

4311.03 Материјален книговодител

4311.04 Контер

4311.05 Ликвидатор

4311.06 Службеник во книговодство

4311.07 Економски книговодител

4311.08 Калкулант

4311.09 Економски техничар

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Службениците во книговодството обработуваат, класифицираат и евидентираат нумерички податоци заради комплетирање на финансиската евиденција. Тие извршуваат рутински пресметки и елаборираат основни финансиски податоци за одржување на сметководствената евиденција.

Потребно образование при вработување

  • Четиригодишно стручно образование или
  • Средно образование и обука

Просечна месечна нето заработувачка

19.915 МКД

Слободни работни местa

  • 23 АВРМ