КЕЛНЕРИ

КЕЛНЕРИ

Како да станете келнер/ка

Образование

Повеќето келнери ги учат своите вештини преку обука на работно место или во текот на работното искуство. Иако не се бара формално образование, некои ресторани, кафетерии и хотели може да побараат претходно работно искуство и обука. Некои посетуваат средно стручно образование или програми за практиканство што ги нудат акредитираните даватели на обука.

Средни стручни училишта што нудат 3 годишни програми за келнери (повик 2017/2018):

  1. Средно општинско училиште „Ацо Русковски“ – Берово
  2. Средно општинско училиште „Таки Даскало“ – Битола
  3. Средно општинско училиште „Коле Неделковски“ – Велес
  4. Средно општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
  5. Средно општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ – Делчево
  6. Средно општинско училиште за земјоделство и шумарство „Ѓорче Петров“ – Кавадарци
  7. Средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  8. Средно општинско училиште „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево
  9. Средно училиште за туризам и угостителство „Ванчо Питошески“ – Охрид
  10. Средно училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ – Скопје
  11. Средно училиште на Град Скопје „Шаип Јусуф“ – Скопје
  12. Средно општинско училиште „Нико Нестор“ – Струга
  13. Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ – Штип

Од 2015 г., занимањето келнер/ка е стандардизирано од страна на Министерството за труд и социјална политика и потребните вештини се наведени тука: http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/ugostitelska_kelner.pdf

Формално образование нудат средните стручни училишта, додека програмите верификувани од страна на Центарот за образование на возрасни, ги нудат даватели на обуки, како што се отворените граѓански универзитети (поранешни работнички универзитети), стопанските комори и други приватни даватели на обуки.

Акредитираните (тригодишни) образовни програми за келнер што ги нуди Центарот за стручно образование и обука се обезбедуваат преку средните училишта.

Центарот за образование на возрасни верификува програми за обука, кои се со времетраење од околу 3 месеци, за што е потребно минимум завршено основно образование.

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за келнери посетете ја следната страница:

www.cov.gov.mk

Некои хотели, ресторани и кафетерии нудат сопствени програми за обука.

Обука

Келнерите може да ги стекнат вештините преку обука на работното место или практиканство. Секоја година, Агенцијата за вработување нуди различни субвенционирани програми за обука и практиканство.

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Индустриските здруженија (HoReCa) и стопанската комора може да спонзорираат програми за обука на келнери.

Потребни вештини

Комуникациски вештини – Келнерите мора внимателно да ги слушаат специфичните барања на клиентите, да поставуваат прашања, и да пренесуваат информации на персоналот од кујната, со цел нарачките да бидат подготвени на задоволство на клиентите.

Услужување на клиентите – Поголемиот дел од својата работа келнерите ја поминуваат во услужување на клиентите. Тие треба да бидат пријателски настроени и учтиви и да може да остварат добар однос со клиентите.

Насочени кон детали – Келнерите мора точно да ги заведат нарачките од клиентите. Треба да ги помнат деталите на секоја нарачка и соодветно да ги распределуваат храната и пијалаците на клиентите.

Меѓучовечки односи – Келнерите треба да бидат пристојни, обѕирни и внимателни со клиентите во сите околности во кои треба да решат проблем што може да се појави.

Физичка кондиција – Келнерите минуваат часови на нозе, носејќи тешки послужавници, садови и пијалаци.

 

Задолженија на работното место

Келнерите служат храна и пијалаци во комерцијални локали за послужување храна и пијалаци, клубови, институции и кантини, на бродови и патнички возови.

Потребно образование при вработување

  • Не е потребно формално образование
  • Тригодишно стручно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

12.002 МКД

Слободни работни местa

  • 1821 АВРМ