КЕЛНЕРИ

КЕЛНЕРИ

Изгледи за вработување

Процените од Анкетата на работна сила спроведена во годините 2011-2016 година, покажуваат дека бројот на келнери изнесувал околу 10.600.

Келнерите се меѓу првите пет занимања со отворени работни места според евиденциите од Агенцијата за вработување. Изгледите за вработување за келнерите се добри, бидејќи секоја година се регистрираат нови претпријатија, и се очекува со текот на времето да се зголеми побарувачката за ова занимање. Меѓутоа, има големa ротација поради сезонскиот карактер на работата.

Во просек на годишно ниво, за периодот 2014-2016 г., бројот на регистрирани вработени келнери изнесувал околу  6.700.

Слични занимања (од ISCO)

  • Директор на кафетерија – 1412
  • Директор на ресторан – 1412
  • Шанкер – 5132

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

 

Задолженија на работното место

Келнерите служат храна и пијалаци во комерцијални локали за послужување храна и пијалаци, клубови, институции и кантини, на бродови и патнички возови.

Потребно образование при вработување

  • Не е потребно формално образование
  • Тригодишно стручно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

12.002 МКД

Слободни работни местa

  • 1821 АВРМ