КЕЛНЕРИ

КЕЛНЕРИ

Активности

Келнерите служат храна и пијалаци на маси во комерцијални локали за послужување храна и пијалаци, клубови, институции и кантини, на бродови и патнички возови.

Келнерите:

  • ги поставуваат масите со чисти чаршави, прибор за јадење, садови и чаши;
  • ги поздравуваат гостите и ги претставуваат менито и картата со пијалаци;
  • даваат совет за избор на храна и пијалак;
  • примаат нарачки за храна и пијалаци и ги пренесуваат нарачките на персоналот во кујната или на шанкот;
  • ги послужуваат храната и пијалаците на клиентите на масите;
  • ги чистат масите и ги враќаат садовите и приборот за јадење во кујната;
  • послужуваат алкохолни и безалкохолни пијалаци;
  • носат сметки, наплатуваат и користат терминали за наплата и каси;
  • ги испраќаат гостите;
  • извршуваат други сродни задачи;
  • вршат надзор врз други работници.

Занимањата во оваа група може дополнително да се поделат:

5131.01 Главен келнер

5131.02 Бармен

5131.03 Келнер

5131.03 Помошен келнер

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Келнерите служат храна и пијалаци во комерцијални локали за послужување храна и пијалаци, клубови, институции и кантини, на бродови и патнички возови.

Потребно образование при вработување

  • Не е потребно формално образование
  • Тригодишно стручно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

12.002 МКД

Слободни работни местa

  • 1821 АВРМ