ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

Распоред на работата

Околу 80 % од градежните инженери работат со полно работно време од 40 часа неделно според податоците од Агенцијата за вработување на Република Македонија. Градежните инженери кои ги насочуваат проектите можеби ќе треба да работат дополнителни часови за да го следат напредокот на проектите, за да осигураат дека дизајните ги исполнуваат условите и да гарантираат дека роковите се исполнети.

Според податоците на Kомората на овластени архитекти и инженери, во текот на 2017 година, во одделението за градежни инженери имало 1073 активни членови .

Задолженија на работното место

Градежните инженери спроведуваат статички и сеизмички пресметки, анализи и истражувања, советуваат, дизајнираат  сообраќајници, хидроградби, како и конструкции од високоградба, водат изградба на сите градби , спроведуваат стручен надзор, планираат и водат одржување на градбите, советуваат и даваат други инженерски услуги. Исто така, тие водат  производството на градежни производи (бетонски елементи, градежен материјал за патишта и слично).

Потребно образование при вработување

(Дипломиран градежен инженер)

 

1) Високо образование (180 ЕКТС)

Дипломиран градежен инженер (Овластување Б за изведба)

(Магистер по технички науки, дипломиран градежен инженер)

Градежен факултет и исполнување на законските критериуми од Законот за градење (член 17, 24, 31, 35)

(Овластување Б за проектирање, ревизија и надзор, Овластување А за проектирање, ревизија, надзор и изведба)

 

Просечна месечна нето заработувачка

31.993 МКД

Слободни работни местa

124 АВРМ