ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

Работна средина

Градежните инженери работат во канцеларија за да ги изработат проектите за конструкциите, но исто така поминуваат и многу време на градилиштето за да ја надгледуваат градбата. Градежните инженери работат на различни локации и услови. Кога работат, проектирање, поголемиот дел од своето време го поминуваат во канцеларија. Сепак, градежните инженери дел од своето работно  време  го поминуваат на  отворено, на градилиштата каде ги следат процесите на градба или решаваат проблеми на лице место. Во некои случаи работното место на градежниот инженер  бара и чести преместувања на различни локации поради градби на различни локации.

Задолженија на работното место

Градежните инженери спроведуваат статички и сеизмички пресметки, анализи и истражувања, советуваат, дизајнираат  сообраќајници, хидроградби, како и конструкции од високоградба, водат изградба на сите градби , спроведуваат стручен надзор, планираат и водат одржување на градбите, советуваат и даваат други инженерски услуги. Исто така, тие водат  производството на градежни производи (бетонски елементи, градежен материјал за патишта и слично).

Потребно образование при вработување

(Дипломиран градежен инженер)

 

1) Високо образование (180 ЕКТС)

Дипломиран градежен инженер (Овластување Б за изведба)

(Магистер по технички науки, дипломиран градежен инженер)

Градежен факултет и исполнување на законските критериуми од Законот за градење (член 17, 24, 31, 35)

(Овластување Б за проектирање, ревизија и надзор, Овластување А за проектирање, ревизија, надзор и изведба)

 

Просечна месечна нето заработувачка

31.993 МКД

Слободни работни местa

124 АВРМ