ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

Просечна месечна нето заработувачка

31.993 МКД

Заработувачка

Просечната месечна нето заработувачка за споредбената група стручњаци за инженеринг каде спаѓаат градежни инженери, изнесувала 31.993 денари во октомври 2014 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2016 година, околу 80 проценти од огласите за градежни инженери се однесувале за вработувања со полно работно време.

(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2014 г.)

Задолженија на работното место

Градежните инженери спроведуваат статички и сеизмички пресметки, анализи и истражувања, советуваат, дизајнираат  сообраќајници, хидроградби, како и конструкции од високоградба, водат изградба на сите градби , спроведуваат стручен надзор, планираат и водат одржување на градбите, советуваат и даваат други инженерски услуги. Исто така, тие водат  производството на градежни производи (бетонски елементи, градежен материјал за патишта и слично).

Потребно образование при вработување

(Дипломиран градежен инженер)

 

1) Високо образование (180 ЕКТС)

Дипломиран градежен инженер (Овластување Б за изведба)

(Магистер по технички науки, дипломиран градежен инженер)

Градежен факултет и исполнување на законските критериуми од Законот за градење (член 17, 24, 31, 35)

(Овластување Б за проектирање, ревизија и надзор, Овластување А за проектирање, ревизија, надзор и изведба)

 

Просечна месечна нето заработувачка

31.993 МКД

Слободни работни местa

124 АВРМ