ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

Како да станете градежен инженер

Образование

Градежните инженери треба да се стекнат со диплома за високо образование, која во Република Македонија можат  да  ја стекнат на:

– Универзитетот “Св. Кирил и Методиj” Скопје – Градежен факултет,прв циклус (дипл.град.инж) и втор циклус на студии (магистер по технички науки од областа градежништво)

Кандидатите кои ги исполнуваат барањата за образование и искуство кои ги навеле работодавачите, се вработуваат на позиција градежен инженер и напредуваат низ позициите, покажувајќи ги своите вештини и искуство на работното место.

Јавни и приватни универзитети што имаат акредитирани програми за Градежен инженер може да се најдат на линкот:   http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii

Лиценци, овластувања и регистри

Овластените градежни инженери  во Република Македонија треба да поседуваат лиценца издадена од страна на Комората за овластени архитекти и инженери на Република Македонија откако ќе се задоволат законските критериуми од Законот за градење (член 17, 24, 31, 35) и:

  1. Соодветно високо образование – Градежен факултет
  2. Работно искуство од 2 години за ‘Б’ ниво на овластување и 5 години за ‘А’ ниво на овластувањ
  3. Соодветни референци како соработник при проектирање/ревизија/изведба/надзор.

За повеќе информации за процесот на лиценцирање и законските барања, видете на:  www.komoraoai.mk/

Напредување

Градежни инженери со искуство може да се унапредат на повисоки позиции, како што се менаџерите на проекти или функционалните менаџери за проектирање, ревизија, изведба или надзор. Сепак, тие прво треба да ги исполнат условите од законот за градење за да добијат лиценца за овластен градежен инженер, бидејќи само лиценцирани градежни инженери може да преземат одговорност за проекти.

Потребни вештини

Знаење и разбирање – Градежните инженери поседуваат знаења од областа на математика, природни науки, компјутерски техники и инженерство, неопходни за сеопфатно и систематско анализирање и решавање на инженерските проблеми, ги познава основите на проектирање/димензионирање на градежните објекти од потесната област во која се насочува и согласно предметните програми што ги следи во текот на студирањето; ги познава материјалите кои се применуваат во градежништвото и знае да ја разграничи нивната примена кај соодветни градежни конструкции; има познавање на прописите за проектирање и изведба на градежните конструкции, во доменот на своето насочување; ја разбира важноста на професионалната и етичка одговорност на градежниот инженер и е свесен за кодексите на однесување и други извори на насоки на професионално етичко однесување.

Примена на знаење и разбирање: Способен е да препознава, толкува и решава инженерски проблеми во гранката на градежништвото во која е насочен, почитувајќи ги притоа конструктивните и планерски ограничувања дефинирани со прописите, како и барањата за намалување на потрошувачката на енергија, намалување на отпадот и спречување на загадувањето на животната средина; Умее да учествува во планирање, проектирање, градење, надзор и одржување на градежни објекти, во гранката на градежништвото во која е насочен. Во согласност со законските одредби способен е да учествува во ревизија на проектната документација; Способен е да употребува техники, вештини и современи инженерски и компјутерски алатки неопходни за изработка на техничка документација; Способен е да спроведе теренски и лабораториски истражувања и да ги анализира и интерпретира резултатите; Оспособен е да учествува во процесот на средното образование, во согласност со законските одредби.

Способност за проценка: Умеат да ги идентификуваат проблемите во градежништвото во поширок контекст, вклучувајки го опишувањето на условите, идентификацијата на можните влијанија и генерирањето на можните решенија на проблемот.Умеат да го проценат и анализираат влијанието на инженерските објекти врз животната средина, во глобален и општествен контекст и ја согледува потребата за квантитативно изедначување на градежната со животната средина. Ја спознава важноста на соработниците и нивниот ефект врз проектантските решенија и ја согледува професионалната и етичка одговорност.

Комуникациски вештини: Градежните инженери ефективно комуницираат  во пишана и во усна форма. На јавноста и ги презентират решенијата на проблемите преку усна, писмена, графичка и визуелна комуникација. Потребно е да имаат способност за тимска работа и добро се вклопуват во мултидисциплинарен тим.

 

Задолженија на работното место

Градежните инженери спроведуваат статички и сеизмички пресметки, анализи и истражувања, советуваат, дизајнираат  сообраќајници, хидроградби, како и конструкции од високоградба, водат изградба на сите градби , спроведуваат стручен надзор, планираат и водат одржување на градбите, советуваат и даваат други инженерски услуги. Исто така, тие водат  производството на градежни производи (бетонски елементи, градежен материјал за патишта и слично).

Потребно образование при вработување

(Дипломиран градежен инженер)

 

1) Високо образование (180 ЕКТС)

Дипломиран градежен инженер (Овластување Б за изведба)

(Магистер по технички науки, дипломиран градежен инженер)

Градежен факултет и исполнување на законските критериуми од Законот за градење (член 17, 24, 31, 35)

(Овластување Б за проектирање, ревизија и надзор, Овластување А за проектирање, ревизија, надзор и изведба)

 

Просечна месечна нето заработувачка

31.993 МКД

Слободни работни местa

124 АВРМ