ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ

Изгледи за вработување

Во развојот на македонската економија, градежништвото има значајна улога. Од градежништвото како носечка гранка зависат многу други економски гранки.

Градежните инженери се очекува во иднина да останат едно од најпобаруваните занимања во Република Македонија. Работата на градежните инженери ќе биде потребна  и за проектите за енергетска ефикасност, за изградбата на нови згради со енергетска ефикасност надградба и доградба на стари згради.

Во просек на годишно ниво, за периодот 2011-2016, бројот на регистрирани вработени Градежни инженери изнесувал околу 2000. Градежните инженери се меѓу најпобаруваните занимања според статистиките на Агенцијата за вработување. Според податоците од Агенцијата за вработување на Република Македонија, просечниот број на слободни работни места кај ова занимање, на месечно ниво, за периодот јануари-октомври 2017 година изнесува 121. За повеќе информации и за пристап до огласите за слободни работни места посетете ја страницата на АВРМ на следниот линк:

http://www.avrm.gov.mk/

Слични занимања класифицирани на друго место:

– Градежни архитекти – 2161

– Архитекти за просторно уредување – 2162

– Техничари за геодезија, градежништво и сродни занимања – 3112

– Надгледувачи во градежната индустрија – 3123

 Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Задолженија на работното место

Градежните инженери спроведуваат статички и сеизмички пресметки, анализи и истражувања, советуваат, дизајнираат  сообраќајници, хидроградби, како и конструкции од високоградба, водат изградба на сите градби , спроведуваат стручен надзор, планираат и водат одржување на градбите, советуваат и даваат други инженерски услуги. Исто така, тие водат  производството на градежни производи (бетонски елементи, градежен материјал за патишта и слично).

Потребно образование при вработување

(Дипломиран градежен инженер)

 

1) Високо образование (180 ЕКТС)

Дипломиран градежен инженер (Овластување Б за изведба)

(Магистер по технички науки, дипломиран градежен инженер)

Градежен факултет и исполнување на законските критериуми од Законот за градење (член 17, 24, 31, 35)

(Овластување Б за проектирање, ревизија и надзор, Овластување А за проектирање, ревизија, надзор и изведба)

 

Просечна месечна нето заработувачка

31.993 МКД

Слободни работни местa

124 АВРМ