ГОТВАЧИ

ГОТВАЧИ

Распоред на работата

Повеќето готвачи работат со полно работно време. Работните смени често вклучуваат рани утра, доцни вечери, викенди и празници. Распоредите за готвачите во училишните мензи и мензите на некои институции се поредовни. Готвачите што работат во училиштата работат само во текот на училишната година, вообичаено 9 или 10 месеци. Исто така, некои одморалишта нудат само сезонска работа.

Задолженија на работното место

Готвачите ги планираат, организираат, подготвуваат и готват јадењата, според рецепти или под надзор на главниот готвач, во хотели, ресторани и други места каде што се послужува храна, на бродови, патнички возови и во приватни домаќинства.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

13.668 МКД

Слободни работни местa

  • 918 АВРМ