ГОТВАЧ

ГОТВАЧ

Повреди и болести

Кујните се често полни со луѓе и вклучуваат потенцијални опасности, како што се жешки шпорети или лизгави подови. Особено, готвачите во институции и мензи имаат повисока стапка на повреди и болести споредено со националниот просек. Најчести опасности се лизгања, паѓања, исекотини и изгореници, но ретко која од овие повреди е сериозна. За да се намалат ризиците, готвачите носат кошули со долги ракави, ракавици, престилки и нелизгави чевли.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Готвачите ги планираат, организираат, подготвуваат и готват јадењата, според рецепти или под надзор на главниот готвач, во хотели, ресторани и други места каде што се послужува храна, на бродови, патнички возови и во приватни домаќинства.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

18.636 МКД

Слободни работни местa

809