ГОТВАЧИ

ГОТВАЧИ

Како да станете готвач/ка

Образование

Повеќето готвачи ги учат своите вештини преку обука на работно место или во текот на работното искуство. Некои готвачи во ресторани посетуваат курсеви за кулинарство,  додека други посетуваат стручни програми или програми за практиканство.

Занимањето готвачи е стандардизиранo од страна на Министерството за труд и социјална политика во 2015 г. и бара вештини и знаења кои се наведени во документот:

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/ugostitelska_gotvac.pdf

Формално образование се нуди во стручните училишта, како и преку верификувани програми од страна на центрите за образование на возрасни, каде што во својство на обучувачи се јавуваат отворените граѓански универзитети (поранешни работнички универзитети), стопанските комори и други приватни даватели на обуки.

Образовни програми што ги верификува Центарот за стручно образование и обука се нудат преку средните училишта и се со времетраење од 3 години.

Средни стручни училишта што нудат 3 годишни програми за готвачи (повик 2017/2018):

  1. Средно општинско училиште „Коле Неделковски“ – Велес
  2. Средно општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
  3. Средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  4. Средно општинско училиште „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево
  5. Средно училиште за туризам и угостителство „Ванчо Питошески“ – Охрид
  6. Средно училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ – Скопје
  7. Државно средно училиште за рехабилитација – Св. Наум Охридски – Скопје
  8. Средно стручно општинско училиште „Моша Пијаде“ – Тетово
  9. Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ – Штип

Верификуваните програми за обука преку Центарот за образование на возрасни се со времетраење од 3 месеци, а критериум за влез во програмата е минимум завршено средно образование.

Некои хотели имаат сопствени програми за обука.

Обука

Готвачите може да ги стекнат вештините преку обука на работното место или практиканство. Секоја година, Агенцијата за вработување нуди субвенционирани обуки и практиканство преку мерките што се нудат во оперативниот план за активни мерки на пазарот на трудот.

Индустриските здруженија (HoReCa) и стопанската комора може да спонзорираат програми за готвачи.

Исто така, националното здружение за главни готвачи и готвачи може да нуди образовни курсеви.

Здружение што нуди сертифицирани обуки за готвачи и главни готвачи:

http://www.gastromak.mk

Потребни вештини

Разбирање. Готвачот треба да ги разбере нарачките и да го следи рецептот за точно да ги подготви јадењата.

Услужување на клиентите. Готвачите во ресторани и капацитети за брзи нарачки мора да имаат ефективна интеракција со клиенти и да се справуваат со специјални барања.

Спретност. Готвачите треба да имаат одлична коррдинација рака-око. На пример, тие треба да користат соодветни техники со нож за сечење, дробење и ситнење.

Физичка кондиција. Готвачите поминуваат многу време во стоење на едно место, готвење храна над жежок шпорет и чистење на работните површини.

Чувство за вкус и мирис. Готвачите мора да имаат развиено чувство за вкус и мирис за да подготвуваат храна во која ќе уживаат клиентите.

Задолженија на работното место

Готвачите ги планираат, организираат, подготвуваат и готват јадењата, според рецепти или под надзор на главниот готвач, во хотели, ресторани и други места каде што се послужува храна, на бродови, патнички возови и во приватни домаќинства.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

13.668 МКД

Слободни работни местa

  • 918 АВРМ