ГОТВАЧИ

ГОТВАЧИ

Изгледи за вработување

 

Процените од Анкетата на работна сила спроведена во годините 2011-2016 година, покажуваат дека бројот на готвачи изнесувал околу 6.800.

На годишно ниво, според податоците од Агенцијата за вработување, во 2016 година бројот на регистрирани вработени готвачи изнесувал околу 2.900. Сепак, овој број треба да се зема со резерва бидејќи постои голем обрт на вработувања и заминувања од работа кај ова занимање.

Готвачите се во првите 10 занимања со слободни работни места според статистиките на Агенцијата за вработување. Просечниот број на слободни работни места кај ова занимање, на месечно ниво, за периодот јануари-декември 2017 година изнесува 918.

Слични занимања (од ISCO)

  •  Директор на кафетерија – 1412
  • Директор на ресторан – 1412
  • Главен готвач – 3434
  • Подготвувач на брза храна – 9411

Повеќе информации

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за готвачи посетете ја следната страница:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Задолженија на работното место

Готвачите ги планираат, организираат, подготвуваат и готват јадењата, според рецепти или под надзор на главниот готвач, во хотели, ресторани и други места каде што се послужува храна, на бродови, патнички возови и во приватни домаќинства.

Потребно образование при вработување

  • Тригодишно стручно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

13.668 МКД

Слободни работни местa

  • 918 АВРМ