ФАРМАЦЕВТИ

ФАРМАЦЕВТИ

Слободни работни места

Според податоците од Агенцијата за вработување на Република Македонија, просечниот број на слободни работни места кај ова занимање, на месечно ниво, за периодот јануари-декември 2017 година изнесува 150. За повеќе информации и за пристап до огласите за слободни работни места посетете ја страницата на АВРМ на следниот линк:

http://www.avrm.gov.mk/

Задолженија на работното место

Фармацевтите применуваат соодветни концепции и теории по пат на подготовка, делење или продавање лекови и други фармацевтски препарати. Тие даваат совети за издадените лекови препишани од страна на лекар или други стручњаци од областа на здравството.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Лиценца издадена од Фармацевтската комора на Македонија

Просечна месечна нето заработувачка

30.664 МКД

Слободни работни местa

150 АВРМ