ФАРМАЦЕВТИ

ФАРМАЦЕВТИ

Работна средина

Работна средина

Генерално, работната средина на фармацевтите може да се подели во неколку поголеми категории:

  • Фармацевт во аптека. Фармацевтите кои работат во аптеки вршат продажба на лекови, администрираат рецепти, одговараат на прашања поврзани со здравјето на пациентите и го објаснуват користењето на лекот. Понекогаш, во некои аптеки пружаат услуги како мерење на крвен притисок, мерење на ниво на глукоза во крвта или подготвуваат магистрални лекови (производи што се изработуваат во аптеките врз основа на рецепт од лекар и се наменети за одреден пациент).
  • Клинички фармацевт. Работат во клиники, болници или други здравствени установи. Најголем дел од работното време го користат за посета на пациенти, препорачуваат дозирање на лекови и го надгледуваат времето на дозирање. Во одредени случаи вршат надгледување на здравствената состојба на пациентите и ги следат ефектите од користење на лекот.
  • Фармацевт во големопродажба. Работат во веледрогерии или компании за увоз и дистрибуција на лекови. Работното време го поминуваат во канцеларија каде ги администрираат и регистрираат лековите, вршат нарачки за малопродажба или пак ги посетуваат аптеките и здравствените установи каде вршат промоција на лекови.
  • Фармацевт во индустрија. Фармацевтите во индустрија може да се вклучени во процесот на истражување и развој на лекови, или пак производство или контрола на лекови.

Еден дел од фармацевтите се вработуваат како професори во средните училишта или пак го продолжуваат образованието како истражувачи или универзитетски кадар.

Задолженија на работното место

Фармацевтите применуваат соодветни концепции и теории по пат на подготовка, делење или продавање лекови и други фармацевтски препарати. Тие даваат совети за издадените лекови препишани од страна на лекар или други стручњаци од областа на здравството.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Лиценца издадена од Фармацевтската комора на Македонија

Просечна месечна нето заработувачка

30.664 МКД

Слободни работни местa

150 АВРМ