ФАРМАЦЕВТИ

ФАРМАЦЕВТИ

Како да станете фармацевт

Како да станете фармацевт

Образование

Фармацевтите во Македонија мора да имаат завршено високо образование, и да имаат положено стручен испит. Акредитираните студиски програми се во времетраење од 5 години (интегрирани студии од 1 и 2 циклус) каде е вклучена професионална пракса.

Кандидатите кои завршиле средно образование, како еден од предметите при упис ги земаат еден од изборните предмети физика, биологија или хемија.

Листа на акредитирани студиски програми можат да се најдат на официјалната страна на министерството за образование и наука:

http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii

Во моментов има 2 акредитирани факултети каде може да се стекне титулата Магистер по фармација:

  • Фармацевтски факултет во Скопје
  • Факултет за медицински науки во Штип

Лиценци, овластувања и регистри

Фармацевтите во Македонија потребно е да имаат положено стручен испит заради добивање на лиценца за работа. Организирањето на стручниот испит, спроведувањето на пробна работа, полагањето на стручниот испит, издавањето, продолжувањето, обновување и одземање на лиценци за работа го врши Фармацевтската комора на Македонија (http://www.fk.mk/).

Обука

Покрај формалното образование и положен стручен испит, фармацевтите се должни да ги унапредуваат своите знаења преку стручно усовршување и континуирана едукација со цел продолжување на лиценцата за работа. Стручното усовршување го организираат и спроведуваат наставни и научни институции, стручни здруженија, државни органи, правни лица во областа на производството и прометот со лекови.

Фармацевтската комора на Македонија има донесено правилник за облиците на стручното усовршување, критериумите и бодовите за обновување на лиценцата за работа.

Освен акредитираните обуки при фармацевтската комора, може да биде потребна и дополнителна обука на самото работно место, како што е обука за специјализирани софтверски програми или прописи на известување во согласност со насоките од националните институции (Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија-МАЛМЕД и други).

Важни квалитети

Аналитички вештини. Фармацевтите мора да осигураат дека лековите се ефикасни и безбедни. За таа цел, мора да ги проценат потребите на пациентите и да имаат добро знаење за ефектите од лекот, како и знаење на ефектите и последиците од користење на конкретен лек.

Комуникациски вештини. Фармацевтите често ги советуваат пациентите. Потребно е да објаснат како се зема лекот, кои се несакани ефекти од користење на лекот и условите на користење. Потребно е исто така да дават јасни и недвосмислени насоки на фармацевтските техничари и практиканти.

Компјутерски вештини. Фармацевтите користат компјутерски вештини со цел да го регистрираат електронски прометот на издадени лекови и рецепти.

Забележување детали. Фармацевтите се одговорни за точноста на рецептите кои се препишуваат. Тие мора да ја интерпретираат информацијата во рецептот со цел да донесат одлука каков лек е соодветен за секој пациент, бидејќи несоодветен лек може да причини сериозни здравствени проблеми.

Менаџерски вештини. Фармацевтите, особено оние кои поседуваат сопствена аптека, мора да имаат добри менаџерски вештини, вклучувајќи и компетенции како што се менаџирање на финансиски и материјални средства и координирање на вработени.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Фармацевтите применуваат соодветни концепции и теории по пат на подготовка, делење или продавање лекови и други фармацевтски препарати. Тие даваат совети за издадените лекови препишани од страна на лекар или други стручњаци од областа на здравството.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Лиценца издадена од Фармацевтската комора на Македонија

Просечна месечна нето заработувачка

32.459 МКД

Слободни работни местa

141