ФАРМАЦЕВТИ

ФАРМАЦЕВТИ

Изгледи за вработување

Изгледи за вработување

Бројот на нововработени фармацевти се очекува да порасне во идниот период како резултат на неколку фактори.

Законските измени и проекти каде е предвидено или пак се реализира отворањето на рурални аптеки во помалите населени места, дежурна аптека 24/7 во поголемите населени места како и вработен фармацевт во секоја смена, ќе допринесат побарувачката за фармацевти со лиценца да се зголеми.

Очекувањата се дека инвестициите во фармацевтската индустрија ќе продолжат да се зголемуваат како резултат на новите истражувања. Оттука, фармацевтите имаат добри изгледи за вработување во фармацевтската индустрија.

Отварањето на компании за дистрибуција на лекови исто така ќе допринесат за зголемена побарувачка од фармацевти.

Ризици за намалена побарувачка за вработување на фармацевти можат да се идентификуваат во можната промена на законски регулативи и решенија како на пример: дозволи за продажба на лекови на бензински пумпи и продавници за кои не е потребен рецепт, како и дозволи за продажба на лекови по електронски пат.

Во просек на годишно ниво, за периодот 2014-2016, бројот на регистрирани вработени фармацевти изнесувал околу 285, притоа бројот на барани работници значително го надминува бројот на регистрирани вработени фармацевти.

Напредување

Кандидатите кои ги исполнуваат барањата за образование, можат да специјализираат во некоја од сродните области и напредуваат во некоја од струките наведени во делот активности. Со соодветно образование, фармацевтите може да станат Доктор по фармација.

 

 

Задолженија на работното место

Фармацевтите применуваат соодветни концепции и теории по пат на подготовка, делење или продавање лекови и други фармацевтски препарати. Тие даваат совети за издадените лекови препишани од страна на лекар или други стручњаци од областа на здравството.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Лиценца издадена од Фармацевтската комора на Македонија

Просечна месечна нето заработувачка

30.664 МКД

Слободни работни местa

150 АВРМ