НЕГУВАТЕЛИ НА БОЛНИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

НЕГУВАТЕЛИ НА БОЛНИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Работна средина

Повеќето негуватели на болни лица работат во домовите на клиентите или во независни приватни објекти. Некои негуватели на болни лица во домашни услови работат во истиот дом секој ден, со месеци или дури со години. Некои посетуваат четири или пет клиенти во текот на еден ден, додека други работат само со еден клиент.

Тие може да работат со други негуватели, во смени, со цел клиентот да има постојана помош. Тие им помагаат на лицата во домовите за стари лица и дневните центри, како и на лицата со попречености да извршуваат активности (како што е одење на работа) и да бидат вклучени во нивните заедници.

Задолженија на работното место

Негувателите на болни лица во домашни услови им помагаат на лицата со попречености, хронични болести или когнитивни нарушувања, во извршувањето на секојдневните животни активности.

Често им помагаат на постарите лица на кои им е потребна помош

Потребно образование при вработување

  • Основно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

15.914 МКД

Слободни работни местa

  • 18 АВРМ