НЕГУВАТЕЛИ НА БОЛНИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

НЕГУВАТЕЛИ НА БОЛНИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Како да станете негувател/ка на болни лица во домашни услови

Образование

Од негувателите на болни лица во домашни услови се бара да имаат завршено средно образование, а особено да имаат основни медицински познавања, обука или претходно искуство.

Обука и сертификати

Негувателите на болни лица во домашни услови може да ги научат вештините преку обука на работното место или практиканство. Агенцијата за вработување често субвенционира програма за обука за оваа група на занимања.

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Центарот за образование на возрасни верификува голем број програми за Негуватели на стари и изнемогнати/немоќни лица во домашни услови, каде што не е потребно формално образование. Курсевите за обука се со времетраење од 3 до 6 месеци, зависно од интензитетот на курсот.

За повеќе информации за програмите и давателите на обуки за Негуватели на стари и изнемогнати лица во домашни услови посетете ја следната страница:

www.cov.gov.mk

Занимањето не е лиценцирано и повеќето негуватели на болни лица во домашни услови се ангажираат преку приватните агенции за вработување или огласи за работни места.

Потребни вештини

Забележување детали. Негувателите на болни лица во домашни услови следат специфични правила и протоколи за нега на клиентите. Тие мора да внимаваат на здравствената состојба на клиентите, брзо забележувајќи ги промените што бараат помош од медицински персонал.

Интегритет. Негувателите на болни лица во домашни услови прават клиентите да се чувствуваат пријатно при извршување на личните потреби, како што е бањање. Понатаму, негувателите на болни лица мора да бидат сигурни и доверливи, за да може клиентите и нивните семејства да се потпрат на нив.

Меѓучовечка комуникација. Понекогаш, клиентите се соочуваат со неиздржливи болки или вознемиреност, така што негувателите мора да бидат чувствителни на нивните емоции. Негувателите мора да сочувствуваат и да сакаат да им помагаат на луѓето.

Физичка кондиција. Негувателите на болни лица во домашни услови имаат кондиција да извршуваат физички задачи. Често, тие подигнуваат или завртуваат клиенти со инвалидност.

 

Задолженија на работното место

Негувателите на болни лица во домашни услови им помагаат на лицата со попречености, хронични болести или когнитивни нарушувања, во извршувањето на секојдневните животни активности.

Често им помагаат на постарите лица на кои им е потребна помош

Потребно образование при вработување

  • Основно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

15.914 МКД

Слободни работни местa

  • 18 АВРМ