НЕГУВАТЕЛИ НА БОЛНИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

НЕГУВАТЕЛИ НА БОЛНИ ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Изгледи за вработување

Негувателите на болни лица во домашни услови се наведени меѓу бараните занимања во анализата на Агенцијата за вработување за барани вештини. Со стареењето на населението, ќе се зголемува и бројот на клиенти на кои им е потребна помош при извршувањето на секојдневните задачи.

Според статистиките од Агенцијата за вработување, бројот на регистрирани вработувања покажува благ пораст за периодот 2014-2016 г.

Постарите лица и лицата со попречености, на кои не им е потребна медицинска нега, избираат нега во домашни услови, наместо нега во институција, поради ограничениот број достапни места и високите трошоци. Негата во домашни услови, често, е поевтина и поприфатлива за клиентот. Бидејќи негувателите на болни лица во домашни услови не треба да обезбедуваат медицински услуги, тие се поевтина опција за семејствата или клиентите на кои им е потребна помош во секојдневните активности.

Слични занимања класифицирани на друго место:

  • Медицинска сестра (професионална) – 2221
  • Медицинска сестра (техничар) – 2221
  • Здравствени работници во амбуланта – 3258
  • Негувател на болни лица (во куќа) – 5322

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

Задолженија на работното место

Негувателите на болни лица во домашни услови им помагаат на лицата со попречености, хронични болести или когнитивни нарушувања, во извршувањето на секојдневните животни активности.

Често им помагаат на постарите лица на кои им е потребна помош

Потребно образование при вработување

  • Основно образование
  • Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

15.914 МКД

Слободни работни местa

  • 18 АВРМ